Велепредавство во Мјанмар? Уапсен поранешниот шеф на програмата за имунизација

од Stefanija Kuzmanovska
337 прегледи

Поранешниот шеф на националната програма за имунизација во Мјанмар, Хтар Хтар Лин, беше уапсен и обвинет за велепредавство затоа што соработувала со противниците на воената хунта, објавија денеска државните медиуми.

Откако воената хунта изврши државен удар на 1 февруари, здравствениот систем на Мјанмар пропадна, а епидемиолошките мерки, успешно воведени од соборениот премиер Аунг Сан Су Ки, веќе не се спроведуваат.

Рекорден број новозаразени лица беше потврден во неделата, а лекарите и медицинскиот персонал се во првите редови на Движењето за граѓанска непослушност (ЦДМ).

Дневниот весник на Мјанмар на англиски јазик, „Глобал Њу Лајт“, потврди дека Хтар Хтар Лин била уапсена на 10 јуни под обвинение за соработка со нелегалната Влада на националното единство.

Слични содржини