„Зелената агенда“ во акција: Започна отстранувањето на 6 платформи поставени во Струга

од Берта Китинска
184 прегледи

Првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби денеска беше во Струга, во увид на платформите на Охридското Езеро, во општината каде што градоначалникот Рамиз Мерко е од редовите на ДУИ.

-Денеска започна отстранувањето  на 6 платформи поставени на брегот на езерото во Струга.Оваа акција за отстранување на овие платформи се одвива преку дијалог помеѓу општинските власти и деловната заедница.Зелената агенда е веќе ставена во акција и нема да застане со тоа, бидејќи преку неа победуваат сите граѓани на Република Северна Македонија, без разлика каде живеат, напиша Груби.

Слични содржини