Северина по грабежот: Украдените предмети имаат вредност

од Nikola Popovski
637 прегледи

По грабежот на станот на Северина Којиќ во Загреб, при што ја врзале нејзината домаќинка и и одзеле накит, се огласи пејачката.

„Ова денес… разберете дека не можам да кажам ништо. Нека бидат сите, пред сè, живи и здрави. Секако, некои украдени работи имаат сентиментална вредност за мене, но полесно ќе се справам. Работите имаат вредност, но може да се надоместат, изгубеното време без моето дете никогаш не може да се надомести“, изјавила Северина за „Јутарњи лист“.

Да потсетиме, непознати лица упаднале во станот на Северина во Загреб и ја врзале нејзината домаќинка, го земале накитот на пејачката, а потоа побегнаа во непознат правец.

Се наведува дека пејачката не била во станот за време на разбојништвото, а по грабежот имало неколку полициски автомобили пред зградата, при што била спроведена истрага.

„Денес во попладневните часови, во станот сопственост на женска особа (49), извршено е кривично дело разбојништво против жена на возраст од 65 години од страна на двајца засега непознати сторители со употреба на физичка сила. Во таа прилика украден е накит. Материјалната штета сè уште се утврдува. Во инцидентот нема повредени. Се спроведува понатамошна кривична истрага со цел да се откријат сторителите“, соопштиле од загрепската полиција за хрватските медиуми.

„Фала му на Бога, сите се добро. За сè друго, мора да ве насочиме кон полицијата“, изјавил претходно портпаролот на Северина.

Слични содржини