Силата на фудбалерите се покажа по само еден потег на Кристијано Роналдо на прес-конференцијата пред првиот натпревар на Португалија на Европското првенство.
Капитенот на португалската репрезентација, а од вторникот вечерта рекордер по бројот на постигнати голови на Европските шампионати, Кристијано Роналдо, присуствуваше на прес-конференцијата во понеделникот пред дуелот со Унгарија на Европското првенство.
Штом го зазеде неговото место, Роналдо ги премести шишињата Кока-Кола, која е еден од главните спонзори за ЕУРО 2020, и ги замени со шишиња вода.
Тој кратко прокоментира: „Пијте вода“.
Do NOT put Coca Cola in front of Cristiano Ronaldo 😠
This is absolutely brilliant 🤣 pic.twitter.com/bw9FYlTOI4
— Goal (@goal) June 15, 2021
И, иако на сите им изгледаше како убав гест, управниот одбор на компанијата што произведува освежителни пијалоци се фати за глава..
Негативниот публицитет што ова ѝ го донесе на компанијата може да се види најдобро во фактот дека вредноста на компанијата падна за цели четири милијарди евра на берзата, за многу кратко време.
Since Cristiano Ronaldo removed the two Coca-Cola bottles from his vicinity in favor of water, Coca-Cola have lost a total of $4 billion in value.https://t.co/4wtinuaUjV pic.twitter.com/IgiEefKbZa
— Zach Lowy (@ZachLowy) June 15, 2021