Ким Јонг Ун е загрижен: Во Северна Кореја има недостиг на храна

од Nikola Popovski
243 прегледи

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун призна дека земјата се соочува со „напната состојба со храна“, објавија денес тамошните државни медиуми.

Северна Кореја, која се наоѓа во тешка економска состојба поради меѓународните санкции наметнати поради нејзината воена програма, веќе подолго време се соочува со сериозен недостиг на храна.

Економијата беше погодена и од епидемијата на вирусот корона, како и од временските услови, тајфуните и поплавите.

На состанокот на Централниот комитет на владејачката Работничка партија, Ким соопштил дека економската состојба се подобри со зголемувањето на индустриското производство за два проценти во споредба со претходната година.

Сепак, севернокорејскиот лидер призна дека земјата се соочува со „низа тешкотии“ поради многу „предизвици“ што треба да се надминат.

„Ситуацијата со храна сега е напната, бидејќи земјоделскиот сектор не беше во можност да ја исполни целта за производство на жито поради штетите предизвикани од тајфуните минатата година“, рече Ким.

Во текот на летото на 2020 година, неколку илјади домови и обработливо земјиште беа уништени во тајфуните проследени со поплави.

Ким повика на мерки за намалување на последиците од овие природни катастрофи, велејќи дека обезбедувањето „добра жетва е врвен приоритет“.

Слични содржини