МЗ: Над 452.000 граѓани изразиле желба да се вакцинираат

од Nikola Popovski
197 прегледи

Министерството за здравство информира дека вкупно се аплицирани 458.131 дози вакцини, а ревакцинирани се 195.048 граѓани.

„Вчера вкупно се вакцинирале 5.611 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.606 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 452.093 граѓани“, велат од МЗ.

Според нив, со последните бројки 48% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.

„ 42% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина, а 36% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина“, објави министерството.

Слични содржини