Харадинај: Курти е измамник, тој има погрешен пристап кон дијалогот

од Stefanija Kuzmanovska
397 прегледи

Лидерот на Сојузот за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, го нарече премиерот на земјата, Албин Курти, „измамник“ и го обвини за погрешен пристап кон дијалогот. Харадинај за „Косово Прес изјави дека пристапот на Курти е токму тој за кој претходно предупредувал, пренесе „Коха“.

„Тој ги заведува луѓето на Косово со опасен пристап кон дијалогот, без да ја бара суштината за дијалог. Ова не е дијалог, тоа е губење време “, рече Харадинај.

Според него, Курти го враќа дијалогот на почетокот и се обидува да создаде нови економски и трговски односи со една точка помеѓу Белград и Приштина, понапредна од мини-Шенгенот.

Слични содржини