Французите го повлекуваат видеото кога Ѓоковиќ му дава рекет на момче

од Vladimir Zorba
251 прегледи

Видеото што ја обиколи планетата, а во кое најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ му дава рекет на момче по крајот на финалето на Ролан Гарос против Стефанос Циципас, започна да исчезнува од Интернет.

„Јаху спорт“ пишува дека Тениската федерација на Франција го тргнала од Твитер, поради авторско право, што предизвикало гнев кај некои корисници бидејќи тоа е убав гест на најдобриот тенисер во светот.

Инаку, Ѓоковиќ по големата победа го награди момчето со рекет, кој го бодреше со сето свое срце додека губеше со 2:0.

Момчето дури се обиде да му даде совети, што очигледно му се допадна на Србинот.

Слични содржини