Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека засега нема причина САД да бидат избришани од руската листа на непријателски земји.
„Не, засега нема причина за тоа“, рече Песков, одговарајќи на новинарско прашање.
Говорејќи за преговорите за стратешка стабилност, за што се договорија претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џозеф Бајден, Песков рече дека засега не е познато кој ќе ја предводи руската делегација во тој процес.
На ова прашање зборуваше и помошникот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, кој рече дека првиот состанок може да се организира во следните неколку недели.
Преговорите меѓу претседателите на Русија и Соединетите држави, поминаа приближно како што очекуваше руската страна, изјави портпаролот на Кремљ.
„Преговорите одеа приближно како што очекувавме, но сè ќе продолжи да зависи од продолжението“, рече Песков.