507
Познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, преку неговата фирма „Адора инженеринг“ купил нови 48.837 обични акции на Комерцијална банка, со што стана сопственик на 14,9 проценти од акциите на најголемата и најмоќната банка во земјава.
Сега Адора инженеринг ДООЕЛ експорт-импорт Скопје заедно со поврзаните лица поседува вкупно 341.860 обични акции, односно има учество од 14,9999 отсто во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје.
Чифлиганец до сега вложил три милиони евра во акциите на Комерцијална банка и е член на Надзорниот одбор на банката, која има 5207 акционери.
Инаку, на редовното тргување една акција на Комерцијална банка вчера се продавала по цена од 8.750 денари.