Унгарскиот премиер Виктор Орбан во саботата повика на ограничување на овластувањата на Европскиот парламент.
Орбан рече дека националните парламенти на 27-те земји на ЕУ треба да имаат право да ги запрат процесите на донесување закони во Европскиот парламент доколку, според нив, ги нарушат областите од национална надлежност.
„Европскиот парламент покажа дека е дојден до мртва точка во однос на исполнувањето на критериумите на европската демократија“, рече Орбан во говорот во Будимпешта.
Тој зборуваше на Денот на независноста на Унгарија кога Унгарците го прославија заминувањето на последниот советски војник на 19 јуни 1991 година.
Претседателот на ЕП, Давид Сасоли веднаш ја осуди изјавата на Орбан, индиректно велејќи дека унгарскиот премиер им припаѓа на оние кои не ја сакаат демократијата.
Владата на Орбан е обвинета за уништување на демократијата и повеќепати се судри со претставници на ЕУ за владеењето на правото.
Тој, за возврат, го брани своето право да води тврда политика, вклучително и казнување на мигранти, потиснување на работата на невладините организации и независните медиуми.