Седмиот натпревар помеѓу Бруклин и Милвоки, кој по продолженијата го загуби Нетс со 115:111 за 4-3 и пласман во финалето на Истокот, се чинеше нереален, скоро филмски!
Кевин Дурент ја премина патеката од херој до трагичар, прво обезбедувајќи ги продолженијата со кош од свртување на работ од линијата за три поени – практично милиметри ги одделуваа популарните Нетс од пласман во финалето на Источната конференција.
На крајот, Дурент натпреварот го заврши со 48 поени, девет скока и шест асистенции и ги мина сите 53 минути на паркетот. Адетокумбо имаше 40 поени и 13 скока на другата страна, но и поддршката на Мидлтон (23 поени, 10 скока, шест асистенции).
Opponents with 40+ points in the same Game 7 in NBA history:
2021
Giannis Antetokounmpo (40)
Kevin Durant (48)2008
Paul Pierce (41)
LeBron James (45)1963
Sam Jones (47)
Oscar Robertson (43)(Submitted by @MikoPalero) pic.twitter.com/3dzvbfpW7Z
— StatMuse (@statmuse) June 20, 2021
Харден застана на 22 поени, со девет скока и асистенции, Грифин имаше 17 поени, а кај Милвоки и Лопез имаше завиден учинок со 19 поени со осум скока.
Бакс ќе играат против Филаделфија или Атланта (3-3) во финалето на Истокот. Од другата страна, веќе е формирано финалето на Западот помеѓу Клиперс и Феникс и нивниот прв натпревар на програмата е в недела во 9.30 часот по локално време.