Европската фудбалска федерација (УЕФА) започна истрага за однесувањето на навивачите на унгарската репрезентација за време на натпреварите против Португалија и Франција на Европското првенство.
„Европското тело назначи „етички и дисциплински инспектор“ да ги испитува „потенцијалните дискриминаторски инциденти на „Арената Пушкаш“ во Будимпешта за време на овие два натпревари од групната фаза во евро-групата“, се вели во соопштението на европската фудбалска централа.
Портпарол на УЕФА за АФП потврди дека истрагата се однесува на хомофобичен транспарент кој протече од антидискриминациската мрежа FARE и имитација на звуци на мајмун кога францускиот напаѓач Килијан Мбапе ја имаше топката. Повеќе од 55.000 навивачи беа присутни на двата натпревари во „Арената Пушкаш“.
Унгарија, по изненадувачкиот нерешен резултат 1:1 против Франција, останува во игра за пласман во нокаут фазата на шампионатот.
Последниот натпревар од групата Унгарците го играат во Минхен против Германија во среда.