Турскиот селектор по дебаклот на ЕУРО: Нема да поднесам оставка, за ова виновни се и медиумите

од Vladimir Zorba

Иако дојде на ЕУРО како фаворит од сенка, фудбалската репрезентација на Турција се претвори во едно од најнепријатните изненадувања на Европското првенство во фудбал.

Турција заврши на дното на групата А откако ги загуби сите три натпревари со гол-разлика 1:8.

Турскиот селектор Шенол Ѓунеш обвини голем број фактори за „неприфатливиот учинок“ на неговиот тим на Евро, но не планира да си даде оставка поради зголемениот притисок од турската јавност

„Овој млад тим ќе ги одбележи следните 10 години од турскиот фудбал, но ние сме свесни дека ваквиот настап на овие турнири е неприфатлив“, рече Ѓунеш.

Турците го отворија Европското првенство со пораз од Италија (0:3), проследено со пораз од Велс (0:2) и потоа од Швајцарија (1:3).

„Јас сум одговорен за ова“, додаде тренерот, велејќи дека не размислува за оставка. Тој ги посочи медиумите како еден од главните виновници за резултатот.

„Во моментов не размислувам за оставка, сметката за неуспех мора да се плати, но одговорни се и медиумите, одговорно е и раководството, а одговорен е и стручниот штаб“, нагласи тој.

„Тоа беше голем тест за нас, но понекогаш тие неуспеси можат да додадат повеќе искуство отколку успех“, рече Ѓунеш на крајот.

Ова е негов втор мандат на клупата на Турција, а тој го започна во 2019 година. Во неговиот прв мандат од 2000 до 2004 година, тој ја водеше Турција на третото место на Светското првенство во 2002 година.

Слични содржини