407
Маркетиншкиот потег на канадската ИКЕА инспириран од Кристијано Роналдо стана вирален хит.
Стаклено шише го доби името Кристијано и се продава под описот „шише за повеќекратна употреба, само за вода“. „Пијте вода, одржливо“, напишаа на социјалните мрежи.
„Дајте покачување за маркетинг тимот“, „Каков одличен маркетинг“, „Одлична, многу паметна идеја“, напишаа воодушевените клиенти.
За потсетување, Роналдо отстрани две спонзорирани шишиња Кока-Кола за време на европресот и ги замени со вода. „Пијте вода!“, порача тој. Со тој потег, Португалецот за кратко време направи акциите на Кока-Кола да загубат дури четири милијарди долари.