Град Скопје: 250 возила го искористиле паркингот на Водно во изминатиот викенд

од Nikola Popovski
257 прегледи

Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно, како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно.

„Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира“, соопштуваат од градот.

Од таму информираат дека паркингот на Водно во текот на продолжениот викенд го искористиле 250 возила, според бројот на испратени СМС пораки.

Слични содржини