309
Американската морнарица спроведува воени вежби на источниот брег на САД и по тој повод активираше бомба тешка 18 тони.
Сеизмолошкиот институт на САД ја регистрираше експлозијата како земјотрес со јачина од 3,9 степени.
Вежбата е дел од тестот за проценка на борбената способност на американскиот носач USS Gerald R. Ford, објави Би-Би-Си.
По тестирањето, бродот ќе се врати во пристаниште за да помине низ модернизација, одржување и поправки.