ЕУ ги продолжи санкциите за Крим

од Stefanija Kuzmanovska
299 прегледи

Европската унија ги продолжи санкциите против Крим и Севастопољ за една година, до 23 јуни 2022 година, се вели во соопштението на ЕУ.

Одлуката ќе стапи на сила по објавувањето во Службениот весник на ЕУ.

Да потсетиме, санкциите поради „незаконската анексија на Крим и Севастопол“ предвидуваат ограничување на економските односи на ЕУ со тие руски региони. Последен пат беа продолжени пред една година до 23 јуни 2021 година. Конкретно, на поединци и организации во ЕУ им е забрането да увезуваат производи од Крим и Севастопол. Ограничувањата се однесуваат и на трговијата, туризмот, како и инвестициите во бројни економски сектори од регионот.

Покрај „кримските“ санкции на ЕУ против Русија, воведени се и лични санкции „за поткопување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, а во сила се и економските секторски антируски санкции, кои важат до 31 јули 2021 година.

Слични содржини