Потпишан Меморандум за соработка помеѓу МИОА и Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер

од Nikola Popovski
249 прегледи

Денес се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Со овој Меморандум се унапредува соработката помеѓу Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер на полето на слободниот пристап до информациите од јавен карактер.

Со потпишување на овој Меморандум, страните ја изразуваат подготвеноста за соработка на полето на слободниот пристап до информации од јавен карактер, подигнување на јавната свест за правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и градење на капацитети за доследна имплементација на законската регулатива.

Предмет на овој Меморандум е едуцирање на вработените во МИОА за остварувањето на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер и зголемување на активната транспарентност, во насока на доследно спроведување на одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер како и советување за прашања од делокруг на својата надлежност.

Слични содржини