Притвор за лицето кое со сор си го бараше долгот од 75.000 денари

од Nikola Popovski
240 прегледи

Едно лице е осомничено дека со моторна пила им влегло на двајца сопружници додека спиеле, по што Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка.

Според информациите, лицето од село Прждево, општина Демир Капија, ба 10 јуни, во раните утрински часови, осомничениот влегол во семејна куќа во Богданци, носејќи со себе опасно орудие – сор со сечиво од 50 см, кој се употребува за рачно сечење гранки.

„Во дневната соба спиеле сопственикот на куќата и неговата сопруга. Штом се разбудиле осомничениот им се заканил со оружјето, барајќи од оштетениот 75.000 денари за кои сметал дека му ги должи како надомест за одгледување на козите во сопственост на оштетениот. Со сериозна закана со употреба на опасно орудие, осомничениот имал намера да прибави за себе противправна имотна корист, а се обидел да го присили оштетениот да му ги даде парите“, стои во соопштението.

Судијата го прифатил предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​

Слични содржини