198
Македонското фудбалско чудо – капитенот Горан Пандев денеска заокружува европски и светски успех, напиша Заев на својот фејсбук профил.
„Најдобриот стрелец во историјата на македонската фудбалска репрезентација, својот последен настап во националниот дрес го игра на историскиот пласман за #MKD на #EURO2020.Има ли подобро финале за нашиот Гоче?Сега е време неговото знаење и искуство да го пренесе на нашите млади фудбалски таленти.Напред Пандев, напред македонски јунаку! Новите македонски сили во фудбалот се во твои раце“ напиша Заев на Фејсбук.