Новиот претседател на Иран ја отфрли можноста за средба со Бајден

од Stefanija Kuzmanovska
177 прегледи

Новоизбраниот ирански претседател Ебрахим Раиси ја отфрли можноста да се сретне со американскиот претседател Џозеф Бајден или да преговара за ракетната програма на Техеран или контроверзната поддршка на Иран за регионалните вооружени групи.

За време на неговиот прв говор по претседателските избори во петокот, Раиси цврсто посочи како Иран ќе се однесува кон другите земји пред очекуваната нова фаза на разговори за заживување на меѓународниот нуклеарен договор на Техеран и големите сили од 2015 година.

Раиси, штитеник на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, вети дека ќе го зачува договорот од 2015 година за да се обезбеди укинување на американските санкции, но отфрли ограничување на ракетните способности на Иран и поддршка на регионалните вооружени групи, што Вашингтон ги смета за недостатоци на постоечкиот договор.

„Нема да има преговори за тоа. Соединетите држави се должни да ги укинат сите репресивни санкции кон Иран“, рече Раиси за можноста за ограничување на програмата за развој на иранските балистички ракети.

Слични содржини