Почна министерскиот Совет на ЕУ, повеќе министри побараа да не се блокираат С.Македонија и Албанија

од Берта Китинска

Министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ пристигнаа во Луксембург утрово за Советот за општи работи на кој сите очекуваат одлука за првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Повеќе министри упатија поддршка за Северна Македонија и Албанија пред почетокот на состанокот и побараа да не се блокираат овие две земји со оглед на постигнатиот реформски напредок кој треба да биде награден.

Бугарија меѓутоа за сега не дава знаци дека ќе попушти и покрај португалскиот дипломатски обид за медијација, а повеќето земји членки не се подготвени да ги одвојат Скопје и Тирана во овој дел од процесот.

Слични содржини