КОЈ САКА ВО КЛУБ, МОРА ДА СЕ ВАКЦИНИРА: Вака Виена сака да ги натера младите да се вакцинираат

од Stefanija Kuzmanovska
454 прегледи

Градот Виена има намера да ги отвори ноќните клубови само за вакцинирани лица и планира специјални активности за младите со цел да ги натераат да примат вакцина против коронавирусот.

Додека федералната влада најавува отворање на ноќни клубови во јули, виенските власти работат на строги правила, според кои оние што не биле вакцинирани нема да можат да влегуваат во дискотеки.

„Јасно е дека, ако само вакцинираните можат да одат во клубови и дискотеки, тогаш ќе спроведеме специјална акција за вакцинирање млади луѓе на возраст од 18 години“, најави покраинскиот секретар за здравство, Питер Хакер.

Така, Виена ќе овозможи да се закажат вакцинации за 35.000 млади луѓе, кои ќе можат да ја примат првата доза на вакцина во „Австрискиот центар“ од 28 јуни.

Медиумите тврдат дека тој ден ќе се одржи вистинска „забава за вакцинирање“ со музика во живо, и тие ќе бидат вакцинирани со вакцината „Џонсон и Џонсон“, за што е потребно да се прими само една доза.

„Во моментов работиме на деталите, но се планира да се користат насочени манифестации за да се натераат младите да се вакцинираат“, соопшти канцеларијата на Хакер.

Слични содржини