269
Европската унија одлучи да активира опција во рамките на договорот за испорака на вакцини на компанијата „Модерна“, што му овозможува на европскиот блок да нарача 150 милиони дополнителни вакцини против ковид-19 произведени од таа американска биотехнолошка компанија, објави Европската комисија денес
Дозите ќе бидат доставени следната година, се вели во соопштението на ЕК, пренесува „Ројтерс“.
Дополнителните вакцини се дел од договорот за купување 300 милиони дози вакцини од компанијата.