Патниците од С.Македонија можат да влезат во Холандија без тестови и карантин

од Берта Китинска
244 прегледи

Патниците од С.Македонија, како и од Албанија, Србија, САД, Либан и Тајван, можат да влезат во Холандија од 24 јуни без никакви ограничувања, пренесува веб-страницата „Шенген виза инфо“.

Според информациите, патниците од овие шест земји, вклучително и туристите, нема да мора да покажат тест за коронавирус или потврда за вакцинација и нема да мора да одат во карантин.

Одлуката ја објави Владата на Холандија, по препорака на Советот на ЕУ да ги додаде споменатите земји на списокот на епидемиолошки безбедни земји од третиот свет, на чии граѓани треба да им биде дозволено патувања во ЕУ, за кои не се смета дека се неопходни.

Сепак, оние кои ќе дојдат во Холандија со авион, ќе мора да пополнат здравствена изјава, што некои авиокомпании дозволуваат да ја пополнат во дигитален формат кога патникот ќе се пријави на летот.

„Ако доаѓате од земја во која ризикот од заразување со Ковид-19 е мал (безбедни земји), не мора да покажувате негативен резултат од тестот кога патувате во Холандија. Исто така, не мора да одите во самоизолација по пристигнувањето во Холандија“, објави владата на таа земја.

Слични содржини