296
Дефинитивно заминувам. Јас со задоволство го одработив секој момент како селектор на македонската репрезентација, а причините зошто нема да продолжам ѝ се добро познати на јавноста, рече селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, по враќањето во Скопје од ЕВРО 2020.
-Пак ќе кажам дека сум среќен што го остваривме сонот на сите генерации, на македонската фудбалска репрезентација ѝ посакувам сѐ најдобро во иднина и дај Боже да им се радуваме на уште вакви големи настани, изјави Ангеловски.
Неговиот договор со ФФМ истекува следниот месец, а во јавност се шпекулира дека односите на Ангеловски со федерацијата се нарушени и поради тоа нема да му биде понудено продолжување на соработката.