МИОА: Владата и министерствата ќе добијат нови веб страници

од Берта Китинска
161 прегледи

Министерството за информатичко општество и администрација најавува дека започнува развој на нови и унифицирани веб-страници за сите министерства и Владата.

-Со развојот на овие веб-страници доаѓа нов, подобар и централизиран систем.Новите веб-страници ќе бидат надградени и интегрирани едни со други.Со овој проект и даваме значење на нашата цел, да ги унифицираме сите веб-страници на министерствата и Владата. Како резултат, овие страници ќе бидат попрактични, а пристапот до информации ќе биде полесен.Овој проект ќе биде целосно имплементиран до крајот на оваа година, соопштија од МИОА.