Маричиќ: На Бугарија ѝ пречи тоа што ЕК даде предлог европското законодавство да се преведе на македонски јазик

од Nikola Popovski
348 прегледи

„Да кажете денес дека Македонија е најизолирана држава, а да сте биле перјаница на Никола Груевски е под секое ниво“, му се обрати министерот за правда, Бојан Маричиќ во емисијата „24 анализа“, на Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој прашува на кој начин е урнисана нашата позиција.

„Ние објавивме да преговараме за македонскиот идентитет и јазик. Причината за реакцијата на Бугарија е тоа што ЕК во преговарачката рамка даде предлог целото европско законодавство да се преведе на македонски јазик. Тоа беше наша победа во тој момент. Тоа беше тригер за реакцијата на Бугарија во Собранието. Ѓорчев ми кажуваше демагогии и лаги дека Македонски брод и Македонска каменица ќе треба да го сменат името. Преспа е вградена во Уставот и тоа не се смени. ЕУ ни даде зелено светло, имаме добро темпо на реформи, пречка е само Бугарија“, вели Маричиќ.

Слични содржини