Треба да сме искрени и отворени, граѓаните постојано тврдат дека има распространето корупција, особено при вадењето на документите, рече во вестите на Сител, Љупчо Николовски вицепремиер за борба против корупција.
-Иако во периодов имаме услуги по електонски пат, на пример за закажување на лична карта можете електронски но барањето го пополнувате лично, имаме дигитален сертификат за вакцинација итн, но ќе има и преоден пакет на електронски услуги. Мора се стремиме да ги дигитализираме процесите во институциите, за да нема оправдувања дека фалат документи итн, буквално институциите треба сами да си ги генерираат документите и да ги завршуваат предметите на време, рече тој.
Тој појасни дека овој процес ги намалува трошоците, институциите добиле инструкции да сменат 157 закони за да ова се овозможи. И тоа ќе бидат најнови податоци кои сите институции ќе ги имаат граѓаните.
-Не сакаме повеќе шалтери и гужви, ние сакаме да ја донесеме Европа дома. Има голем број претставки од граѓаните, имаме координативна улога, но не и алатки да постапиме освен градење на капацитети на самите институции, како на пример да јакнат сите 29 инспекторати, да бидеме сервис на граѓаните, но имаме обврска да ги препратиме до надлежните институции, рече тој.
Николовски потврди дека имаат две крупни претставки и ги повика Судскиот совет и ДКСК кога станува збора за основано сомение за незаконско постапување или коруптивно постапување за дел од судството да постапат во најбрз можен рок.
-Особено кога имаме случај за ист суд каде има многу поплаки, за Апелацискиот суд во Штип каде има предмет за вакво постапување, барање за надомест на милионски штети, претставката е препратена до Судскиот совет и Антикорупциската, и еве јавно ќе откријам дека кај одредена судијка која постапувала во предмет каде нејзиниот син е адвокат и тоа во предмет поврзан со клиничката болница во Штип, рече Николовски.
Тој порача дека секаде каде има системски пропусти секој ќе одговара.
– Ние сме сервис на граѓаните ние одговараме само пред граѓаните никој не е недопирлив и во овој суд се повторуваат нови предмети каде има пропусти и огромни надомести на штети, затоа бараме надлежните за да ја вратиме довербата на граѓаните дека има систем, да им покажеме на младите дека има правда и дека има закон за кого и да станува збор, порача Николовски.