254
На тендерот за набавка на електрична енергија за следните шест месеци што го распиша Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум државната енергетска компанија АД ЕСМ понуди најниска цена од 36,1 евро за мегават час.
-На денешната аукција за набавка на количини на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците, ЕВН Хоум како Универзален снабдувач на електрична енергија доби најповолна понуда од АД ЕСМ со цена од 36,1 евро за мегават час, информираат од ЕВН Македонија.
На тендерот биле пријавени две фирми.