Грција ги предупредува граѓаните: Делта сојот ќе стане доминантен до крајот на август

од Берта Китинска
224 прегледи

Делта сојот се очекува да стане доминантен во Грција до крајот на август, поради што населението треба да се вакцинира, рече претседателот на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ) Панајотис Аркуманеас. Откриени во Атина 11 случаи на делта, а видот е присутен и на Крит и Коринт.

– Веќе утврдивме дека има 11 случаи на делта, и денес очекуваме да слушнеме за повеќе случаи. Оние кои не биле вакцинирани се изложени на ризик – рече Аркуманеас, додавајќи дека мутираниот тип на корона вирус е заразен за „50 до 60 проценти“, објави „Катимерини“.

Грција денеска ќе одржи итен самит за да утврди стратегија за запирање на ширењето на делтата, и се очекува да присуствуваат голем број важни здравствени лидери, како и член на кабинетот на премиерот, Акис Скеркос.