Анџелина Џоли многумина ја сметаат за најубавата жена на светот. Сепак, многумина не знаат дека Анџелина многу потсетува на нејзината покојна мајка Маршелин Бертран, од која ја наследи убавината, но и држењето на телото.
Да беше жива, Маршелин годинава ќе наполнише 71 година. Мајката на Анџелина исто така била актерка, но кариерата ја запоставила поради семејството.
Кога имала 21 година, Маршелин се омажила и го роди синот Џејмс, а две години подоцна и Анџелина. Таа сфатила дека е многу тешко да се балансира филмската кариера и грижата за мали деца, па решила да му се посвети на семејството.
Сепак, бракот со Џон Војт не донесе среќа на младата актерка во тоа време. Открила дека тој ја изневерувал, па затоа поднела барање за развод кога нејзиниот син имал пет години, а нејзината ќерка три.
Кога имала скоро 52 години, се омажила за Том Бесамр, со кого живеела во среќен брак скоро седум години, сè додека не починала од рак на јајници.