Државниот секретар на САД Ентони Блинкен и германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас повикаа во Берлин за дополнителни напори во борбата против оживувањето на антисемитизмот.
Блинкен, кој е во прва посета на Германија по стапувањето на должноста министер за надворешни работи на САД, најави заедно со Мас започнување иницијатива за истражување на „иновативни“ форми на учење за геноцидот врз шест милиони Евреи, но и хомосексуалци, Роми и политички противници за време на Третиот рајх.
Американскиот министер, кој е зет на преживеан од нацистичките логори Аушвиц и Дахау, рече дека холокаустот е „постепено спуштање кон темнината“ што е овозможено со „безброј индивидуални методи насочени кон дехуманизација на луѓето“.
„Особено е итно да се разбере тоа затоа што преживеаните умираат, а оние кои го негираат холокаустот стануваат сè погласни и наоѓаат нови подмолни начини да ги шират своите лаги“, рече Блинкен.