276
Најмалку едно лице загина, а 99 се водат како исчезнати поради уривање на станбена зграда во американската држава Флорида.
Властите соопштија дека не знаеле колку луѓе има во 12-катната зграда во Сурфајд во близина на Мајами, кога дел од неа се сруши во средата вечерта.
Спасувачките екипи извадија десетици луѓе од урнатините и продолжуваат со потрагата по други.
Се стравува дека бројот на жртвите може нагло да се зголеми.