Нови студии: КОВИД се појави долго пред официјалната потврда

од Vladimir Zorba
216 прегледи

Вирусот што предизвикува КОВИД-19 може да се проширил во Кина веќе во октомври 2019 година, два месеци пред да се идентификува првиот случај во Вухан, тврдат британските научници.

Истражувачите од Универзитетот во Кент, во студија објавена во научното списание PLOS Pathogens, наведуваат дека вирусот можел да циркулира од почетокот на октомври до средината на ноември 2019 година и дека првиот случај на КОВИД 19 најверојатно се случил на 17 ноември, иако официјален случаите беа потврдени на почетокот на декември 2019 година во Вухан, Кина, пренесе Ројтерс.

Аналитичарите на податоци, предводени од Дејвид Робертс од британскиот универзитет во Кент, го пресметаа најверојатниот период кога вирусот може да се прошири од животни на луѓе, врз основа на информациите за првите потврдени случаи во Кина и во странство.

Тој модел сугерира дека вирусот се шири низ светот уште во јануари, а пресметките покажуваат дека првата инфекција надвор од Кина можела да биде на 3 јануари во Јапонија.

Истиот став го делат и научниците од Светската здравствена организација (СЗО) кои го испитале потеклото на вирусот во Кина на почетокот на оваа година и рекоа дека е можно да имало спорадични човечки инфекции пред појавата во Вухан.