Истражување: Губење на чувството за мирис поради Ковид се враќа во рок од неколку месеци

од Vladimir Zorba
192 прегледи

ЛИЦА кои го изгубиле чувството за мирис поради Ковид-19 може да очекуваат да се врати во рок од неколку месеци, покажува француско истражување.

Кај 49 од 51 субјект, сетилото за мирис се вратило во рок од осум месеци, но две лица сепак имале проблеми и по една година.

Истражувачите го опишаа ова како одлична прогноза.

Студијата ја водеше Марион Рено од Универзитетските болници во Стразбур и ја објави Jama Open Network во четвртокот.

Истражувачкиот тим открил дека сетилото за мирис целосно се вратило кај околу 84 проценти од учесниците по само четири месеци.

По 12 месеци, 96 проценти од испитаниците го повратиле.

Сите учесници првично го изгубија сетилото за мирис повеќе од седум дена.