–Со добри резултати убедена сум дека ќе ги демантираме и најголемите скептици.Убедена сум дека гласот против блокирање од било кого се повеќе ќе расте. Кога работите зависат од нас, јас сум секогаш оптимист затоа што кога ќе го дадеш максимумот резултатите ќе дојдат. Тој тип оптимизам секогаш сме го имале во Владата, во МО или во академската заедница. Меѓутоа прашањето во билатералните спорови не е само што можете вие да направите, прашањето е што ќе направи и втората страна, и не можете вашиот оптимизам да го искористите за да ја сработите нивната задача, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Според неа, попаметниот пристап е да кажеме дека зад нас е голем успех, станавме членка на НАТО, затоа што, подвлече, носевме паметни одлуки.
– Ќе продолжиме да носиме паметни одлуки и да водиме вистински политики не само за да и покажеме на ЕУ дека се однесуваме европски, туку заради тоа што знаеме дека македонските граѓани се европјани и очекуваат од нас европски стандарди, нагласи Шекеринска.