Коментирајќи го неодамнешниот инцидент со британскиот разорувач во Црното Море, портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, рече дека ненадејната промена на курсот на „Defender“ по испукувањето на предупредувачки истрели претставува „епско фијаско“ на кралската морнарица.
Како што оцени, тој потег на англискиот разорувач претставува темна дамка на имиџот на кралската морнарица, пренесе „Спутник“.
Конашенков исто така го нарече британскиот брод „масна мета“ за антибродските комплекси на руската Црноморска флота.
„Ги повикуваме Пентагон и командата на британската кралска морнарица, кои ги испраќаат своите бродови до Црното Море, да не си играат со судбината и да не ги имитираат украинските адмирали“, нагласи тој.
Како што објави руското Министерство за одбрана, руската Црноморска флота заедно со граничната служба на ФСБ во средата испукаа три предупредувачки истрели со цел да спречат британскиот разорувач да ја наруши руската државна граница.
Според рускиот воен оддел, британскиот разурнувач претходно добил предупредување дека ќе се користи оружје доколку ги наруши границите на Руската Федерација, сепак, воениот брод не одговорил на тоа предупредување.