Колумбискиот претседател Иван Дјук Маркез потврди дека е нападнат хеликоптерот со кој летал со други официјални лица и дека авионот бил погоден неколку пати.
Инцидентот се случил во петокот, додека хеликоптерот на претседателот летал низ колумбискиот регион Кататумбо, кон Кукута, главниот град на провинцијата Норте де Сантандер, потврди Дјук во видео порака, пренесува Ројтерс.
„Она што е очигледно е дека ова беше кукавички напад, бидејќи се гледаат дупки во авионот на претседателот“, нагласи колумбискиот претседател.
Покрај него, во хеликоптерот биле и други службени лица, вклучувајќи ги министерот за одбрана Диего Молан, министерот за внатрешни работи Даниел Паласиос и гувернерот на Норте де Сантандер, Силвано Серано.
Претседателството потврди дека никој не е повреден во инцидентот, а надлежните органи добија јасни упатства да ги пронајдат оние кои стојат зад нападот врз претседателскиот хеликоптер.
Во проблематичниот регион Кататумбо, на границата на Колумбија со Венецуела, има големи плантажи на кока, главната состојка на кокаинот.