„Апокалипса“: Бројот на мртви и повредени расте во Чешка, штетите се огромни

од Vladimir Zorba
334 прегледи

Силно торнадо синоќа ја погоди Чешка. Бројот на мртви и повредени расте, а штетите се огромни.

Досега е потврдено дека загинаа пет лица, а над 200 се повредени. Торнадото погоди неколку градови на југоистокот на Чешка и урна куќи до земја.

Министерот за внатрешни работи Јан Хамацек прогласи вонредна состојба, а премиерот Бабиш ја нарече природната катастрофа „апокалипса“.

Во тек е потрага по преживеани закопани во урнатините.

Слични содржини