Заев за „Соколана”: На кумановчани им го враќаме во полн сјај спортскиот комплекс полн со убави сеќавања

од Vladimir Zorba
390 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев вчера се обрати на настанот по повод првата фаза од целосната реконструкција на игралиштето за фудбал и ракомет од спортскиот комплекс „Соколана” во Куманово.

На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, како и други гости спортски работници од општината и од државата.