Шукова: Со еколошката такса над 50 милиони евра годишно за обновливи извори на енергија

од Берта Китинска
316 прегледи

Еколошките такси се неизбежен дел од политиките за здрава и чиста животна средина.Преку нив се поттикнува користење на поеколошки енергенси во секојдневнието, а истовремено, се собираат средства за зелени инвестиции кои потоа имаат повеќекратен и долгорочен ефект за економијата, посочува Каја Шукова, претседателка на Комисија за екологија на СДСМ.

Таа вели дека зелената такса која ќе се воведе доаѓа во време кога се укинуваат 3 денари дополнителна акциза која била воведена кога цената на нафтата била најниска.

-Истовремено, важно е да се знае дека висината на еколошката такса од дериват до дериват се разликува и дека најголема такса се планира за деривати кои и најмногу ја загадуваат животната средина како што се бензинот, дизелот, екстра лесното масло и мазутот, за кои е предвидено таксата да изнесува по 3,5 денари по литар, додека за безоловниот бензин, таксата ќе биде 3,1 денар.На овој начин, според проекциите, во Буџетот годишно ќе се обезбедат меѓу 50 и 55 милиони евра, средства кои ќе се искористат за нови зелени проекти, инвестиции во обновливи извори на енергија, во енергетска ефикасност и слично.Борбата против загадувањето предизвикува финансиски импликации. Не смее да се занемари дека е многу поскапо справувањето со последиците од загадениот амбиенталниот воздух врз здравјето на луѓето, вели таа.

Слични содржини