Верстапен со втора пол-позиција по ред

од Vladimir Zorba
318 прегледи

Актуелниот водечки возач во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул-Хонда) ќе стартува од првата стартна позиција во трката за Големата награда на Штаерска на патеката во Шпилберг, а веднаш зад него ќе биде британскиот шампион Луис Хамилтон (Мерцедес).

На квалификациите во саботата, Верстапен стигна до својата шеста пол-позиција во кариерата и втора по ред со 194 илјадити илјади делови одсекундата подобро време од Финецот Валтери Ботас (Мерцедес), и 226 илјадитинки подобро од Хамилтон, но Ботас беше казнет со губење на три места на стартот поради „потенцијално опасно возење преку боксот“ за време на тренингот во петокот, па тој ќе стартува од третиот ред.

Британецот Ландо Норис (Мекларен-Мерцедес) и Мексиканецот Серхио Перез (Ред Бул-Хонда) ќе започнат од вториот ред на неделната трка.

Трката започнува во недела во 15 часот.

Слични содржини