ВМРО-ДПМНЕ: Кризниот данок на горивата ќе ги качи сите цени на производите и услугите за граѓаните

од Vladimir Zorba
154 прегледи

„Кризниот данок на горивата како го нарекуваат е трајно покачување на цената на горивата од 4.13 денари и тоа ќе има импликации врз висината на сите цени на производите и услугите кои ги добиваат граѓаните“, соопштија утрово од ВМРО-ДПМНЕ.

„Кризниот данок е грабеж на народот, кој претходно го задолжија за над 7 милијарди евра.

Народот преку даноци го плаќа расипништвото и неспособноста на власта. И додека луѓето околу Заев се богатат, народот страда.

Време е да ставиме крај на поделбите на Заев и СДСМ, на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе!“,додаваат од Белата палата.