„Во ВМРО-ДПМНЕ под раководство на Христијан Мицкоски нема никаква нова понуда, нов концепт. Наводните нови политики на ВМРО-ДПМНЕ се лажни и провидни, тоа е истата режимска матрица која 11 години државата ја држеше заробена и изолирана“, вели Стефан Васев од СДСМ.
„Христијан Мицоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да понудат ништо ново се додека се во тесна врска со луѓето од мрачното минато на државата. Мицкоски прво мора да се промени себе си, а тоа значи прво да раскрсти со Груевски. Но тоа го нема.
Тој сеуште застанува зад политиките на деструктивноста, лажните вести блокадите. За време на преодната Влада ВМРО-ДПМНЕ блокираа поставување модуларни болници, денес се против изградба на нов Клинички центар. ВМРО-ДПМНЕ во Собранието се противеа на зголемување на платите и пензиите.
Работат против 4.700 наставници да добијат трајно вработување. Најавите дека ќе ја блокираат еколошката такса, покажува дека во оваа партија ништо не е сменето“, додава Васев.