Во текот на наредната недела значително ќе се забрза процесот на вакцинација

од Vladimir Zorba
214 прегледи

Петстотините илјади вакцини купени од кинескиот производител „Синовак“ денеска пристигнаа во нашата земја.

Министерството за здравство изрази благодарност до кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо и на пријателска Кина, со чијашто помош успеавме да ги обезбедиме овие вакцини и денеска да ги добиеме во нашата држава.

„Благодарение на денешната пратка на вакцини, веќе во текот на наредната недела значително ќе се забрза процесот на вакцинација на територијата на целата држава“, велат од МЗ.

Државната секретарка во Министерството за здравство, Иванка Стојаноски изјави дека со оваа пратка ќе се вакцинираат значителен број на граѓани со што ќе се забрза процесот на постигнување на колективен имунитет.

– Со процесот на имунизација досега и вакцинирањето на голем број граѓани покажуваме одлични резултати во намалувањето на бројот на новозазарени со Ковид-19 и на хоспитализирани граѓани за што говори фактот дека сите ковид центри низ државата се празни, а малиот број на хоспитализирани пациенти е на Инфективната клиника, истакна државната секретарка за здравство.

Во однос на цената по која се набавени вакцините, државната секретарка Стојаноски рече дека согласно обврските и склучените договори со фирмите, засега не може да открие која е цената.

– Во овој период мора да се држиме согласно договорите. Има институции кои сето тоа ќе имаат можност да го кажат кога ќе дојде време, рече Стојаноски.

Слични содржини