Изгледа одлично и во седмата деценија: Шерон Стоун позира во бикини (ФОТО)

од Vladimir Zorba
291 прегледи

Холивудската актерка Шерон Стоун, со чии филмови пораснаа генерации, многумина ја сметаа за една од најфаталните жени во светот во 90-тите години на минатиот век, а сега не потсети на тој период.

Имено, таа позираше во жолто бикини и ја објави таа фотографија на својот Инстаграм профил, а многумина ги воодушеви со оваа објава.

Она што може да се забележи е дека Шерон сепак изгледа одлично, но и многу се грижи за својата линија, која е совршена и во седмата деценија.

„Среќно лето“, напиша таа, позирајќи насмеана.

Да потсетиме, Шерон сè уште ја паметат сите по нејзината главна улога во „Ниски страсти“, во која играше со Мајкл Даглас. По познатата сцена од тој филм, кога ги прекрсти нозете пред детективите, таа стана мерка за сексапил во минатиот век.