ПО ЕЛИМИНАЦИЈАТА ОД ЕУРО: Роналдо ја фрли и ја шутна капитенската лента (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
151 прегледи

Фудбалската репрезентација на Белгија се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство, откако синоќа во Севиља го совлада бранителот на титулата Португалија со 1:0 (1:0).

Херој за Белгијците беше Торген Азар, стрелец на единствениот гол во 42-та минута.

Португалеците имаа неколку шанси во продолжението, но не успеаја да постигнат гол, па избраниците на Сантош се враќаат дома и ја предаваат шампионската круна освоена во 2016 година во Франција.

Асот на Јувентус, Кристијано Роналдо како и по мечот со Србија во Белград, неколку пати ја фрли лентата на тревата.

Веднаш по мечот во Севиља, Роналдо најпрво ја извади лентата од раката, ја фрли на тревата, а потоа, напуштајќи го теренот, ја шутна.