Заев и Царовска во Волково: Децата и родителите добиваат современа градинка за згрижување

од Берта Китинска
218 прегледи
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерката за образование и наука Мила Царовска, заменик-министерот за труд и социјална политика Енвер Хусеин и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Наумоски, денеска извршија увид во завршни градежни работи на новата градинка во Волково.
Со изградбата на оваа градинка се решава децениската негрижа и запоставеност на овој дел на Скопје, каде што речиси секоја година околу 600 деца остануваат надвор од згрижувачкиот и воспитниот процес во предучилишните установи заради недостаток на место и нови градинки.
Градинката е изградена во кружна форма во стил на современата органска архитектура. Истата е составена од централен кружен атриум (внатрешен двор) со комплетна енергетска ефикасност и со инфраструктура за да згрижи деца со попреченост и физички инвалидитети.
Проектот е финансиран од Министерство за труд и социјална политика со грант во висина од 73.800.000 денари, со кофинансирање од Општина Ѓорче Петров во висина од седум милиони денари.
Отворањето на нова градинка ќе значи олеснување на животот на најмалку 175 семејства во Волково. Но истовремено, тоа ќе значи и нови вработувања за најмалку 50 воспитувачи, негуватели, технички персонал.
Новата градинка ќе ги релаксира просторните услови на децата што веќе одат во постојните градинки во Општината и ќе се обезбедат многу посовремени услови за згрижување на децата.

Слични содржини